
Ердоган ги спореди Грците со нацистите
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека „нема разлика“ меѓу нацистите и грчките власти кои насилно ги враќаат илјадниците мигранти кои се обидуваат да влезат во Грција, откако Турција ги отвори границите.
„Нема разлика од она што нацистите го правеа и сликите кои ги гледаме на грчката граница, рече Ердоган во денешниот говор во Анкара, и ги нарече грчките власти „варвари“ и „фашисти“.
Потврди дека Турција ќе ги остави границите отворени за мигрантите кои патуваат кон Европа се додека Европска Унија не ги исполни очекувањата на Анкара во врска со Договорот за мигранти од 2016 година. Ердоган најави дека Турција ќе го достави својот предлог до ЕУ пред самитот на 26 март.
Турските медиуми јавуваат за барањата на Ердоган, дека од ЕУ ќе бара да ја забрза финансиската помош за бегалците сместени во Турција, отворање на поглавјето за слободно движење и ревидирање на царинската унија.