Јункер: ЕУ и Западен Балкан имаат заедничка иднина

Нема точни датуми кога земјите од Западен Балкан ќе се приклучат кон ЕУ, изјави претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер пред Европскиот парламент во Стразбур.

– Пред две недели го посетив регионот. Бев погоден од страста за ЕУ. Тоа ми донесе нова верба дека ако овој драматичен регион е толку решен да се промени фундаментално, тој мора да биде дел од ЕУ. Би сакал таква верба да видам и во 27-те земји на ЕУ, изјави Јункер.

Тој потенцираше дека пред да станат дел од ЕУ, земјите од Западен Балкан имаат многу работа – да се решат сите билатерални спорови, да постигнат поголемо единство, реформи во сферата на владеењето на правото. Не постои покус пат за прием во ЕУ, бидејќи содржината е пред брзината. Нема прецизни рокови, но убеден сум дека со Западен Балкан ќе имаме заедничка иднина, истакна Јункер на пленарната седница на Европарламентот во Стразбур.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ