
Британската министерка за здравство позитивна на корона вирус
Мистерката за здравство на Велика Британија, Надин Дорис, е позитивна на коронавирусот, јавува Би-Би-Си.
Дорис, во нејзината изјава вели дека штом била известена ги презела сите мерки и совети на претпазливост и самостојно се изолирала во својот дом.
„Англискиот Центар за јавно здравје започна со детални истраги и контакти во мојот оддел, a мојата парламентарна канцеларија ги следи нивните совети“, изјавила Дорис. На Твитер напиша дека се чувствува добро, но повеќе е загрижена за нејзината 84-годишна мајка која вчера почнала да кашла и се очекува денеска да ја тестираат.
Досега во Обединетото Кралство починале шест лица како последица на овој вирус, а 382 лица се заразени.