
Цела Италија влегува во „црвена зона“ поради корона вирусот
Италија ги прошири строгите мерки за карантин од корона вирусот, на ниво на цела држава.
- Нема повеќе портокалова, жолта и зелена област, се е црвено, соопшти вечерва премиерот Џузепе Конте.
Забранети се сите движења, освен за докажани потреби. Мерката стапува на сила од утре, и е потребна за да се заштитат најчувствителните членови во општеството. Конте рече дека најдобро е за граѓаните да останат дома.
Мерката доаѓа поради денешниот најголем биланс на починати од вирусот 97, со што вкупниот број на жртви е 463, а заболени се 9.172-ца.