Нови судири на грчко-турската граница

Турција нема повеќе да им дозволува на мигрантите да го преминуваат егејското море кон Грција, затоа што тоа не е безбедно, соопшти крајбрежната служба.

Наредбата од претседателот Реџеп Таип Ердоган, следува една недела откако кажа дека ги отворил вратите за бегалците да влезат во Европа, по ескалацијата на тензиите во конфликтот во Сирија.

ЕУ го обвини Ердоган дека ги користи мигрантите за свои политички цели и инсистира дека вратите кон Европа се затворени.

Во меѓувреме, на турско – грчката копнена граница продолжуваат судирите меѓу бегалците кои се обидуваат да влезат во Европа и грчкото гранично обезбедување. Грчката полиција со солзавец и водени топови се обиде да ја растури поголемата група бегалци и мигранти кои се обидуваат да влезат во Грција.

Грчките власти ја обвинија и турската полиција дека употребиле созлавец против грчките полицајци.

Во Турција се сместени повеќе од 3,7 милиони Сиријци , но конфликтот во сириската провинција Идлиб присили уште околу 1 милион луѓе да се упатат кон турската граница.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ