
Италија: За 24 часа 49 жртви oд Ковид-19
Во Италија во изминатите 24 часа починаа 49 лица од новиот коронавирус. Во таа држава досега се регистрирани вкупно 197 жртви од тој вирус, соопшти италијанската Цивилна заштита. Заболени се 4.636, а 523 се излечени.
Италија, по Кина, е најпогодена држава по број на смртни случаи од вирусната пневмонија и четврта по број на заразени по Кина, Јужна Кореја и Иран.