Прв случај на новиот коронавирус во Србија

Еден 43-годишен маж од Суботица е првиот пациент во Србија кај кого е докажано присуство на новиот коронавирус, јавуваат српските медиуми.

Тој во моментов е во изолација, а „Блиц“ јави дека има температура од 37,4 и се чувствува добро.

Весникот наведува дека човекот неодамна дошол од Унгарија.

Тој пријавил симптоми слични на Ковид-19 по што му се земени примероци и нивната обработка во лабораторијата на Институтот „Торлак“ покажала дека пациентот е позитивен на новиот коронавирус, објави „Новости“.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ