
Топ Тема 04.03.2020
Македонија должи 5, 5 милијарди евра што е 48,9 отсто од БДП или приближно исто колку што изнесуваше и во 2016 година.
Дали политичарите ја задолжија државата за вистински проекти или популистички мерки за да опстојат на власт кои ќе ги плаќаат идните генерации?
Рамен или прогресивен данок? ВМРО-ДПМНЕ ветува рамно оданочување и ново намалување на стапката, СДСМ откако го одложи сега анализира кој е најсоодветен модел за прогресивно оданочување.
За овие прашања во Топ Тема со Наташа Стојановска вечерва ставовите ги судрија Нина Ангеловска, министер за финансии и Трајко Славески ,поранешен министер за финансии.