Италија ќе ги затвори сите училишта и факултети во борба против коронавирусот

Италија утре ќе ги затвори сите образовни институции во период од 10 дена, во борба против епидемијата коронавирус.

Сите училишта и школи нема да работат до 15-ти Март, потврдија властите во Рим.

107 луѓе починаа од коронавирусот во Италија, која е најголемото жариште на болеста Ковид 19 во Европа.

Најголем број од регистираните 3000 случаи во Италија се во северниот дел од државата, но поединечни случаи веќе се потврдени и во 19 од 20-те региони во државата.

На глобално ниво, 3 200 луѓе ги загубија животите а повеќе од 90 000 се инфицирани , најголем дел од нив во Кина, каде вирусот се рашири минатата година.

Светската здравствена организација досега не се одлучи да прогласи пандемија за коронавирусот, односно епидемија која се шири низ целиот свет.

Истовремено, германскиот министер за здравство, Јенс Шпан, оцени дека ширењето на вирусот се уште не го достигнало врвот и тоа може да се очекува.

Потврдени случаи на болни луѓе има во 81 држава во светот, од кои надвор од Кина, најмногу се во Италија, Иран и Јужна Кореја.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ