
Нови судири меѓу мигрантите и полицијата на грчко-турската граница
Инциденти и судири меѓу мигрантите и пограничната полицисја на грчко – турската граница. Илјадниците мигранти заробени во безизлез на тампон зоната фрлаа со предмети врз полицијата, на што грчките, но предходно и турските власти одговорија со солзавец и зашеметувачки гранати. Конфликти се појавија и во близина на пограничното село Кастанјес, долж оградата на границата со Турција, која ја следи копнената линија до реката Еврос.
Грција ја спушти рампата, а бројот на инцидентите се зголеми, состојбата е пред ескалација. На островот Лезбос мигрантите се обидоа да добијат превоз откако добиле смс порака дека бродови стигнуваат за нив. Останаа на самото пристаниште бидејќи мештаните не им дозволија да одат во кампот Морија на Лезбос, чиј киапацитет од 3.000 луѓе одамна е надминат и таму се сместени повеќе од 20.000 мигранти. Локалното насление ги спречи и оние кои со бродови сакаа да се истоварат на брегот.
Вака започна денот по посетата на европските челници, кога за Грција беа ветени повеќе пари, а за Турција опомена да го почиутува договорот од 2016-та и да ги задржи мигрантите на своја територија во замена за дополнителни финансии. После Мицотакис, доцна синоќа Мишел и Вон де Лејен со авион на бугарската влада слетаа на аеродртомот во Софија каде ги пречека Борисов. Потребна е заедничка и поефикасна заштита на заедничките ЕУ граници.
Нашата порака е дека „можете да сметатате на европската солидарност“ доколку има потреба ние ќе бидеме присутни, посветени да ве поддржиме, порача Шарл Мишел, претседател на Европскиот совет пред новнарите во Софија. Мишел денеска ќе се сретне и со Ердоган, кој ја дигна рампата и на Европа и порача дека сега и таа мора да сноси дел од товарот тежок речиси 4 милиони мигранти. Во очи средбата Путин – Ердоган, Русија ја обвини Турција дека не се држи до обврските преземени од договорот за создавање демилитаризирана зона во сириската провинција Идлиб, и дека место тоа таа им помага на милитантите. Очекувањата од средбата се двајцата лидери да ги намалат тензиите што Турција и Русија ги доведе до директен опасно близок воен конфликт во Сирија. Шефот на руската дипломатија Лавров е дециден дека миграцискиот проблем не може да се реши со прекин на борбата против тероризмот.
Сепак, ние не можеме да го олесниме решавањето на миграциските проблеми по цена на прекинување на војната против тероризмот, за што бараат некои европски политичари, порача Лавров.
Поранешниот грчки премиер Ципрас со оценка дека неговата земја се наоѓа пред геополитичка закана од Турција и дека од ЕУ треба да се побара суштинска поддршка и Грција да се закани со вето во ЕУ на сите одлуки на Европскиот совет, но и со санкции за Турција.
Билјана Ставрова