Трети парламентарните избори во Израел за помалку од една година

Утринава во Израел почнаа третите парламентарни избори за помалку од една година на кои се одлучува дали премиерот Бенјамин Нетанјаху ќе остане на власт и покрај претстојното судење заради обвинувањата за корупција. Израелскиот премиер, кој на оваа функција е во последните 13 години, на чело на преодната влада се наоѓа подолго од една година.

По двете рунди избори, во април и септември, немаше јасен победник и владата не беше формирана, па беа распишани трети избори, што досега се нема случено во историјата на Израел. Испитувањата  на јавното мнение покажуваат дека политичкиот застој можеда продолжи и покрај денешното гласање.

Нетанјаху тежнее по петти пат да стане премиер. Неговиот главен ривал, како и на изборите во 2019 година, е поранешниот началник на израелскиот Генералштаб Бени Ганц.

Имајќи предвид дека ни Нетанјаху, ни Ганц, не можат да формираат коалиција со своите традиционални сојузници, а бидејќу нема никакви шанси за формирање влада на национално единство, денешното гласање може да биде само вовед во уште едни избори.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ