Десетина мртви во терористички напад во Германија

Напаѓач отворил оган доцна синоќа во два наргиле барови во западно- германскиот град Ханау и убил најмалку осум луѓе, а неколкумина се повредени. Според полицијата, цел на нападот на двете места биле клиентите кои претежно се курди. Осомничениот е пронајден мртов во неговиот стан, каде полицијата го нашла и безживотното тело на неговата мајка.

Овде сме на второто место на злосторството во Ханау Кезелштад. Полицијата излезе на лице место врз основа на информација од сведок кој што го идентификуваше возилото во предходното злосторство, тие биле во состојба да го забележат бројот на регистарската табличка. Како резултат на тоа, специјалните сили ја  лоцираа оваа адреса. Две лица се пронајдени мртви во станот, а изгледа дека едан од мртвите е осомичениот, објасни портпаролот на полицијата Мајк Малкмус.

Обвинителите нападот го третираат како тероризам, бидејќи постојат докази дека напаѓачот бил радикален десничар, во чиј дом е пронајдено писмо со конфузна содржина, но и екстремно десничарски политички ставови. Полицијата соопшти дека тој де самоубил по нападот.

Сведоците велат дека со десет истрели тој најпрво застрелал три лица. По што тој со автомобилот избегал во квартот Каселштад и отворил оган во вториот наргиле бар, каде убил уште пет луѓе.

Вујкото на мојот пријател е застрелан во барот позади нас и дојдовме овде да изразиме сочувство. Од една страна се чувствувам малку немоќно, а од друга тоа не сакам да го наречам страв, или нешто така дека мората да се плашите дали ако влезете во бар ќе излезете, изјави Бен Мансур, чиј пријател во пукотницата го изгубилил вујкото.

Германија во последниве години е место на неколку екстремистички напади. Во петокот полицијата уапси 12 членови на една екстремна десничарска група за кои се верува дека планирале „шокантни“ големи напади врз џамии, слични на оние извршени во Нов Зеланд во минатата година.

Билјана Ставрова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ