Хрватска и официјално ќе добие нов претседател, Милановиќ стапува на функција

Новиот претседател на Хрватска Зоран Милановиќ денеска ја презема функцијата од претседатлката во заминување Колинда Грабар Китаровиќ која како кандидат на партиите на левиот центар ја победи во вториот круг од изборите на 5 јануари.

За разлика од претходните претседателски инаугурации на плоштадот пред седиштата на владата и на парламентот во Загреб, денешната на Милановиќ ќе биде во кабинетот на претседателот. На свеченоста се поканети 40 официјални државни претставници и нема да има лидери на хрватските партии, на верските заедници и дипломати.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ