
Нови 39 заразени од коронавирусот на крузерот „Дајмонд Принцес“
Јапонското министерство за здравство утринава соопшти за нови 39 случаи на коронавирусот на крузерот „Дајмонд Принцес“ кои се регистрирани во текот на вечерта. На бродот, со вкупно 3.700-тини патници, се и тројцата македонски државјани за кои министерот Филипче вчера изјави дека не се заболени и дека се во постојан контакт со јапонските здравствени власти.
Со новите случаи, бројот на заболени на бродот се зголеми до 174. Заболен е и еден доктор кој бил дел од првичните проверки на бродот кој од 3-ти февруари е во карантин на јапонското пристаниште Јокохама.
Досега, од новиот вирус, кој го носи името Ковид-19, во Јапонија се заболени вкупно 203 луѓе.