За само еден ден 97 починати од коронавирусот

Бројот на починати од коронавирусот за еден ден вчера достигна 97 лица, што е ден со најмногу жртви од овој вирус досега. Бројот на вкупно починати во Кина е 910, но бројот на ново-заразени луѓе на дневно ниво се намалува. Само во Кина досега се инфицирани 40.171, додека 187.518 луѓе се во карантин и под медицински надзор.

Според Светската здравствена организација, бројот на заразени се стабилизира, но е прерано да се каже дека пикот на епидемијата е минат.

Бројот на смртни случаи од коронавирусот во кинеската провинција Хубеи, изворот и жариштето на епидемијата, веќе достигна 871 лица, пренесоа британските медиуми,

Во Хубеи само во последните 24 часа се регистрирани 2.618 нови случаи на заразени со вирусот, со што вкупниот број на заразени во провинцијата достигна 29 631.

Поголем дел од новите смртни случаи се во градот Вухан, каде почна епидемијата на коронавирусот. Градските власти соопштија дека вчера во него починале 73 болни. Вкупниот број на смртни случаи во Вухан достигна 681.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ