
Нов 41 случаj на болни со коронавирусот на крузерот во Јокохама, каде има и тројца македонски државјани
41 нов случај на болни од коронавирусот на бродот „Дајмонд принцес“, кој е под карантин покрај брегот на Јапонија, со што вкупно досега се регистирани 61 случај. На овој брод, според информациите на министерството за надворешни работи, се наоѓаат и тројца македонски граѓани. Стотици патници се затворени во своите кабини, а тестирањето продолжува.
Вкупно 3 700 луѓе, патници и членови на екипажот, се превезуваат со крузерот кој најмалку 2 недели ќе биде под карантин во брегот на Јокохама, близу Токио. Јапонскиот министер за здравство Като вели дека се презема се да се спречи ширење на инфекцијата.
Ние сметаме дека екипажот и патниците треба и понатаму да остануваат на бродот и да чекаат во нивните простории. Додека им се дава приоритет на здравствената состојба на екипажот и на патниците, ние ќе ги преземеме сите можни мерки за да спречиме инфекција.Додека ги разгледував мислењата на експертите, би сакал навремено да ги испитам и спроведам потребните тестови за старите ранливи лица, оние кои имаат основни заболувања и оние кои имаат близок контакт со заразените, изјави јапонскиот министер за здравство, Катсунобу Като.
Проверките на бродот започнаа откако еден 80 годишен жител на Хонг Конг, кој минатиот месец патувал со бродот, се разболел од коронавирусот.
Тој се качил на луксузниот брод во Јокохама, на 20-ти Јануари и патувал до Хонк Конг, каде излегол на 25-ти Јануари.
Уште еден крузер е под карантин во Хонг Конг, откако 8 поранешни патници се разболеле од вирусот. На овој брод има 3 600 луѓе, но досега кај ниту еден не е потврдено присуството на вирусот.
Бројот на загинати од новиот вирус во Кина се искачи на 636, вклучувајќи и лекар кој се обидување кај властите да го вклучи алармот за заканата од оваа болест. Нефицијално 34-годишниот д-р Ли Венлианг дури и бил казнет за „ширење гласини“ кон крајот на декември. Тој работел во болница во центарот на епидемијата во градот Вухан. Преку социјалните мрежи самиот објави дека е потврдено дека е заразен со новиот вирус, од кој досега се заразени над 31.200 луѓе ширум светот.
По смртта на Ли Венлианг формирано е посебно тело составено од владини претставници кои денеска отпатува за Вухан за да го испита случајот на Ли. Луѓето ќе го паметат како чесен човек.
-Се чувствувам многу тажно. Тој е толку добар човек, но сепак не се повлече. Оние што не се осмелуваат да зборуваат. За жал, не знам што да кажам.
-Тој покажа одговорен став кон општеството. Тој е чесен и верен. Затоа, мислам дека целото општество треба да размисли за ова.
Во болниците во Шангај, Вухан и Пекинг, роботи помагаат при првични прегледи, дијагностицирање и медицинска нега со цел ублажување на притисоците и ризиците врз лекарите и медицински сестри.
Само вчера во Кина починале 73 лица, со што вкупниот број на жртви достигна 636 лица. Во 27 земји во светот досега се забележани 320 случаи на заразени од коронавирусот.
Билјана Ставрова