Силен земјотрес на Карибите, нема жртви, ни материјална штета

Силен земјотрес со јачина од 7,7, степени според Рихеровата скала што синоќа беше регистриран во Карипско море, меѓу Јамајка и Куба, се почуствувал во поширокото подрачје од Мексико до Флорида, но не предизвикал поголеми  оштетувања, ни жртви.

Епицентарот на потресот бил на длабочина од 10 километри, на 140 километри од Јамајка и исто толку од Куба.

Првиочно беше издадено предупредување за опасност од цунами за Куба, Јамајка , како и за Кајманските острови, Белизе, Хондурас и Мексико, но опасноста во меѓувреме минала.

Директорт на кубанскиот Сеизмолошки завод Енрике Аранго Аријес кажал дека на Куба немало посериозни оштетувања, ниту повредени.

По првиот земјотрес следеле серија помали потреси.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ