Силен земјотрес на Карибите, издадено предупредување за цунами кај Јамајка

Земјотрес со јачина на ударот од  7,7 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Карипско море меѓу Јамајка и Куба, информира американскиот Геолошки институт, цитиран од американските медиуми.

Епицентарот на ударот бил на 117 километри северозападно од градот Лусеја, на Јамајка и на 140 километри југозападно од Куба, на длабочина од 10 километри. Потресот бил почуствуван и во престолнината на Чиле, Сантијаго.

За сега нема потврдени информации за жртви или материјална штета.

Првично беше јавено дека потресот бил со јачина од 7,3 степени.

Издадено е предупредување за цунами за Јамајка, Куба и Кајманските острови, јавија  британските медиуми.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ