Се зголемува питисокот врз сенаторите за да го повикаат Joн Болтон да сведочи за импичментот на Трамп

Се зголемува питисокот врз сенаторите за да го повикаат Joн Болтон да сведочи на судењето за отповикување на претседателот Доналд Трамп, додека адвокатите ја изнесуваа својата одбрана и аргументи за ослободителна пресуда за американскиот претседател.

Болтон беше поранешен советник за национална безбедност на Трамп кој во септември минатата година си поднесе оставка.

Тој напиша книга што директно го поврзува претседателот со планот за замрзнување на помошта на Украина сè додека не направи некои политички услоги, односно да покрене истрага за синот на политичкиот противник на Трамп, поранешниот потпретседател Џо Бајден.

Кен Стар, поранешниот независен советник чија истрага за претседателот Бил Клинтон резултираше со негов импичмент, во Сенатот рече дека одлуката треба да се донесе со широк национален консензус, а истата претседателот мора да ја почитува.

Втора недела трае дебата за и против за импичмент на претседателот Трамп во американсиот сенат.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ