
Загинати и десетици повредени во силен земјотрес кој ја погоди источна Турција
Најмалку шест лица загинаа а десетици други се повредени во силниот земјотрес што ја погоди турската провинција Елазиг, на истокот од земјата. Епицентарот на земјотресот бил во областа Сивриче на длабочина од 10 километри. Првично беше соопштено дека земјотресот бил со јачина од 6,8 степени, но кратко потоа опсерваторијата во Кандили ја намали на 6,5.
Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу соопшти дека до сега е потврдена смртта на четири лица а повредени се десетина граѓани.
Спасувачките тимови се веќе на пат и очекуваме дополнителни информации, изјави тој и додаде дека било пријавено оштетување на неколку објекти и можеби дополнителни штети во руралните области на регионот.
Земјотресот бил почуствуван и во другите провинции како Адана, Османије, Тунчели и Хатај, како и во северните провинции на Сирија, Идлиб, Азаз, Ал Баб, Јарубулус, Африн и Тал Абјад.
Ова е трет земјотрес што ја погодува Турција од почетокот на годината, откако земјотрес со јачина од 5,4 степени ја погоди провинцијата Манаса во средата а престолнината анкара беше потресена од 4,5 степени вчера.
Елазиг и во 2010 година претрпе силен земјотрес од 6 степени по Рихтеровата скала во кој загинаа 51 лице.