
Најмалку шестмина убиени во пукање во Германија
Најмалку шест лица се убиени, а повеќемина се повредени во пукање во германскиот град Рот ам Зе.
Германската полиција на Твитер соопшти дека напаѓачот е уапсен. Нападот се случил во близина на железничката станица на Рот ем Зе во 12 часот и 45 минути.
Според првичните информации се верува дека пукањето било поврзано со лични причини и се верува дека нема други напаѓачи.
Весникот Билд објави дека шестмината загинати се членови на едно семејство, но за тоа се уште нема официјална поврда.