СЗО: Сега не е време новиот коронавирус да биде прогласен за глобална здравствена закана

Премногу е рано за прогласи коронавирусот за глобална здравствена закана, ова е одлуката на Комитет за итни случаи при Светската здравствената организација на денешното заседание во Давос. Од коронавирусот досега починаа 18 луѓе, а потврдени се 500 случаи на вирус, кој се шири во странство, со последно погодени Сингапур и Виетнам. Ситуацијата е сериозна, но поделеноста на членовите на ова највисоко тело одговорно за јавното здравје во меѓународни размери била 50-50.

-Според Меѓународните здравствени прописи главниот одговорен на подрачјето на здравството д-р Тедрос го свика Комитетот за итни ситуации заради новата епидемија на коронавирусот во Кина. А прашањето беше дали овие случувања претставуваат вонредна меѓународна закана за јавното здравје. Советот на генералниот директор, кој го донесе Комитетот за итни ситуации гласи: „Сега не е време“. Малку е прерано овие случувања да се третираат како меѓународна закана за јавното здравје. Членовите на Комисијата за итни случаи, на кои им се заблагодарувам за нивната работа, беа многу поделени, речиси 50-50. И поделбата продолжи и денеска во однос на советите за декларацијата на Комитетот. Неколкумина од нив всушност беа цврсти на ставот со оглед на развојот на епидемијата, порастот на бројот на заразени за сериозна болест. Но некои други велат дека се уште е прерано поради ограничениот број на случаи во странство. Исто така земајќи ги в предвид напорите кои Кина во моментот ги презема за да го спречи ширењето на болеста, објасни проф. Дидиер Хусин, Комисија за итни случаи.

Пет кинески града се во карантин поради коронавирусот. Мерките за отсеченост се заоструваат низ кинеската провинција Хубеи со цел контрола на ширењето на новиот вирус. Во главниот град Вухан, каде живеат 11 милиони луѓе каде за прв пат се појави вирусот, не сообраќаат ни возови ни авиони во и од градот.

И Хуанганг и Еџоу воведоа слични мерки, а ограничувања воведоа и Чиби и Џијанг.

Освен сообраќајот, затворени се и театрите, кината, кафулињата и сите места за забава, а жителите не смеат да го напуштаат градот освен од „посебни причини“.

Локалните власти, исто така, им наложија на туристичките оператори да ги откажат аранжманите, а исто така не се дозволени ни културни манифестации.

Случаи на заразени лица од новиот коронавирус пријавени се во Виетнам, Сингапур и Саудиска Арабија.

Британски медиуми денеска објавија дека коронавирусот најверојатно пристигнал во Велика Британија, откако двајца кинески државјани биле хоспитализирани во Шкотска со симптоми слични на грип.

Медиумите наведува дека кинеските патници пристигнале во Лондон минатата недела пред да заминат во Шкотска.

Вирусот започнал да се шири од пазар на морска храна , каде според надлежните, се вршела илегална продажба на диви животни.

Една од претпоставките е дека носители на коронавирусот најверојатно се змиите.

Билјана Ставрова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ