
Страв се шири низ Вухан по блокирањето на пристапот до градот
Чувство на вознемиреност и нервоза се шири во Вухан, откако кинеските власти ги затворија сите приоди кон градот од над 11 милиони жители, во досега незапаметен обид да го спречат ширењето на смртоносниот нов вирус кој инфицираше стотици луѓе и се прошири во други градови и држави.
17 луѓе ги загубија животите а над 500-тини се инфицирани со коронавирусот.
Властите ги суспендираа сите авионски летови и железнички линии кои водат кон и надвор од Вухан а на жителите на овој град им кажаа да не се обидуваат да заминат.
Забраната доаѓа додека милиони кинези патуваат низ државата за престојниот празнување на лунарната нова година.
Блокирањето на целиот јавен транспорт стапи на сила синоќа во 10 часот навечер и само на луѓето кои имале резервирано карти пред овој временски рок им било дозволено да го напуштат градот.
Речиси сите луѓе пред железничката станица во Вухан носеа маски но огромен дел од нив беа изненадени од неможноста да заминат во своите домови.
Живееме во Вухан со нашиот син а родителите на мојот сопруг се во Чонгчинг и очекуваат нивниот син и внук да се вратат дома за пролетниоте фестивал. Сега не знаеме што да правиме, велат тие.
На жителите на Вухан им е кажано да избегнуваат движење во толпи и да го минимизираат присуството на големи јавни собири а здравствените власти наредиле задолжително носење маски при движењето во градот.
Библиотеките, музеите, театрите и кино салите ги откажуваат проекците и сите закажани настани. Според податоците од кинеските власти, најмладата жртва на вирусот е на возраст од 48 години, но најголем дел од луѓето се стари луѓе кои страдале од други хронични болести како паркинсонова болест и дијабетес.
Сите починати се од провинцијата Хубеи, чиј главен град е Вухан.
Вирусот започнал да се шири од пазар на морска храна , каде според надлежните, се вршела илегална продажба на диви животни.
Една од претпоставките е дека носители на коронавирусот најверојатно се змиите.
Никола Илиевски