Кина ќе го суспендира целиот јавен транспорт во Вухан во обид да го спречи ширењето на епидемијата

Вухан, кинескиот град од речиси 9 милиони жители, привремено ќе го запре целиот систем за јавен транспорт заради ширењето на опасната епидемија коронавирус.

На 8,9-те милиони жители на овој град им беше кажано да не заминуваат од градот. Од овој вирус досега починаа 17 луѓе а само во последните 24 часа бројот на жртвите се зголеми речиси двојно.

Автобускиот превоз, подземната железница, фериботите и железничките линии на долго растојание ќе бидат целосно запрени од утре во 10 часот наутро по локално време.

Коронавирусот од Вухан се прошири и во неколку други кинески провинции, како и во Соединетите американски држави, Тајланд и јужна Кореја.

Станува збор за вирус кој досега не бил забележан кај луѓето и предизвикува респираторни здравствени проблеми.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ