Словенија ги задржа шансите за полуфинале на EHF EURO2020

Репрезентацијата на Словенија ги задржа шансите за полуфинале откако забележа уште една победа, овој пат над незгодната Португалија со 29-24 во исто време уништувајќи ги надежите на Португалците за нивен настап во полуфиналето.

Натпреварот почна изедначено, а на полувреме Португалците заминаа со гол предност, односно 15-14. Но во вториот дел Словенците одиграа најдобро кога беше најпотребно, прво израмнија на 19-19, а потоа го презедоа водството и го зголемуваа за конечни 29-24.

Кај Словенците најефикасен беше Блаж Јанц кој постигна 7 голови, а Борут Мацковшек и Јуре Доленец по 6. Во противничкиот табор најефикасен беше Андре Гомеш со 6 голови.

Со оваа победа Словенија има 6 бодови, а во последното коло игра со фаворитот Норвешка.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ