Сите велеа дека е невозможно – Трамп се пофали со авионските летови Белград – Приштина

Американскиот претседател Доналд Трамп на својот профил на Твитер се огласи по повод потпишувањето на писмото за намери да се обнови авио-линијата Белград-Приштина, нагласувајќи дека тоа е „уште една победа“.

„Сите рекоа дека не може да се оствари. Сепак, за првпат по дваесет и пет години ќе се воспостават директни летови меѓу Србија и Косово. Уште една победа – благодарение на амбасадорите Роберт О’Брајан и Ричард Гренел“, напиша Трамп на Твитер, со фотографија од церемонијата за потпишување на договорот

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ