
Хари и Меган ќе треба да се откажат и од кралските титули
Принцот Хари и неговата сопруга Меган повеќе нема да ги користат кралските титули и нема да добиваат јавни средства за нивните кралски должности, соопштија од Бакингамската палата.
Ова е официјалната одлука на Кралицата Елизабета Втора, откако брачниот пар побара повеќе да не е дел од кралското семејство, и да живеат во Канада. Според британските медиуми, Хари побарал од својата баба да му дозволи заедно со сопругата Меган да ја задржи титулата, со цел брендот „Војвода од Сасекс“ да му овозможи сопствена заработка во странство. Но, очигледно, кралицата не се согласила со ова барање, со оглед на тоа што постојат строги правила за кралските брендирања.