Австралија никако да се смири, по пожарите, се бори со поплави

Вака изгледаше вчера напладне во источниот дел на Нов Јужен Велс во Австралија. Царуваше темнината, откако низ државата помина песочна бура, а потоа дојдоа грмотевици и пороен дожд, кој врнеше без престан. Дожд наврна колку за еден месец, предизвика поплави кои не се забележани во изминатиов век. Сојузните австралиски држави Квинсленд, Нов Јужен Велс и Викторија, кои од септември месец се бореа со пожарите, кои проголтаа 29 луѓе, уништија 2.500 домови и изгореа милиони хектари земја, сега треба да се изборат и со поплавите.

Во Квинсленд утринава беа затворени делови од патиштата, а во Нов Јужен Велс 10.000 домаќинства се без струја. Интензитетот може да биде посилен за време на викендов најавија метеорлозите. Локалните власти од погодените држави предупредија луѓето да не ги користат поплавените патишта, и ако имаат можност да се евакуираат на повисоки места, поради опасност од одрони. Сепак, дождот не е доволен да изгасне уште 75 активни пожари низ целата земја.

  • Видовме дека прагот од сто години е исполнет во југоисточен Квинсленд, но во оваа фаза можеби на само неколку локации е забележана највисоко дневно количество на врнежи, но не е многу раширено, вели Питер Маркворт, Биро за Метеорологија

За метеоролозите, монсуните можат да траат само неколку дена, но овој налет трае веќе една недела, и нема изгледи дека ќе се смири. Но, за луѓето, дождот е добредојден. Изморени се од високите температури кои ја исуштија почвата.

  • Што се однесува до мене нека врне цела недела, бидејќи градините, се изгледа ужасно, и сега ќе ми биде убаво да излезам во градината. Загрижени сме и што водата можеше да ја снема и градините ќе ни изумреа поради сушата, а и се што имавме. Не сме имале толку дожд со години, изминативе 17 колку што живеам тука, вели Џени Гудлет.

Но, во останатите делови на Австралија се уште се чека на дождот. Горат уште речиси 100 пожари.

 

Алиса Шутиноска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ