
Ајатолахот Хамнеи го нарече Трамп „кловн“
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи ја води молитвата во Техеран, за прв пат по осум години. Пренесувајќи ја пораката, Хамнеи го нарече Трамп кловн, кој само се преправа дека го поддржува иранскиот народ, но секогаш фрла отровен песок во нивните грбови. Убистовото на генералот Солејмани, од страна на Америка, го нарече кукавичкичин, но народот кој се собрал на неговиот погреб покажал дека иранскиот народ е сплотен.
- Овие американски кловнови кои лажно и очајно зборуваат дека „стоиме со иранскиот народ“ можат да видат кој е иранскиот народ. Дали се само стотина луѓе кои ја навредуваат сликата на нашиот маченик и чесен генерал – иранскиот наорд?! Или, Иранците беа оние кои во милиони излегоа на улиците?
Духовниот водач рече дека е подготвен да зборува со Западот, но не и со Америка.
Иранските властите се соочуваат со притисокот од демонстрантите поради соборувањето на украинскиот патнички авион и економското забавување во услови на американски економски санкции. Во Техеран се уште траат протестите, и покрај тоа што властите признаа дека два проектила го соборија украинскиот авион во кој погинаа сите патници и челнови на екипажот.
Иранските медиуми, претходно јавија дека ајатолахот не го поврзал водењето на молитвата во џамијата во Техеран со политичката ситуација во неговата земја. Хамнеи последен пат ја водел молитвата на 33-годишнината од Исламската револуција во 2012 година.