
Премиерот на Украина поднесе оставка поради аудио снимки
Претседателот на Владата на Украина, Oлексиј Хончарук поднесе оставка на функцијата, јавува Ројтерс. Од кабинетот на претседателот Зеленски соопштија дека оставката на премиерот дополнително ќе биде разгледана.
Оставката, Хончарук ја објави утринава на својата ФБ страна, а се случува два дена откако во јавноста излегоа аудио снимки на кои се слуша неговиот глас за време на состаноци со неколку министри, во кои тој ги насочува како да зборуваат за економијата со претседателот кој, како што вели „не ги разбира економските работи“.
Хончарук во својата ФБ оставка објаснува дека снимките се монтирани фрагменти од неколку владини состаноци, а се со цел да создадат впечаток дека неговиот тим не го почитува претседателот Зеленски.
35-годишниот Хончарук беше на чело на украинската влада од август 2019-та, која беше избрана по парламентарните зибори во јули 2019-та. Тој беше најмладиот премиер на Украина во историјата.