Почвата не ја впива водата од дождот во Австралија

Силнo невреме со грмотевици и пороен дожд, а наместа и град, го погодија источниот дел на Австралија, која со месеци се бори со шумските пожари што ја опустошија земјата. Но, и покрај долгоочекуваниот и посакуван дожд кој треба да им помогне на пожарникарите, сепак метеоролозите велат дека се уште не се знае дали дождот ќе падне таму каде е најпотребно, и дали ќе биде доволно. Досега нема доволно дожд за да ги изгаси пожарите, а властите се загрижени од поплави бидејќи водата се лизга низ сувата почва, која не може да ја впие.

Бурата направи и дополнителни штети во сојузната држава Викторија, каде покрај еден пат се отвори дупка длабока 4 метри.

 

Во делови од Мелбурн наврнаа дури 77 милиметри дожд, предизвикувајќи поплави и одредена штета.

Пожарникарите од Нов Јужен Велс соопштија дека дождот нема да ги изгасне сите пожари, но дека сигурно ќе помогне тие да се смират. Во оваа држава која е најмногу зафатена од пожарите, поради невремето, без струја останаа повеќе од 10.000 куќи и фирми.

 

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ