
Оставка на целата руска влада предводена од премиерот Дмитри Медведев
Рускиот премиер Дмитри Медведев соопшти денеска дека тој и целата влада поднеле оставка, јавуваат новинските агенции во Русија.
Оставките следуваат по годишното обраќање на претседателот Владимир Путин пред членовите на думата, каде тој предложи серија уставни реформи, со кои поголеми овластувања се доделуваат на законодавниот дом, вклучувајќи ја и можноста за избор на Премиерот на Русија.
Станува збор за значајни промени на балансот на политичката моќ во Русија и затоа сегашната влада поднесува оставка.
Според Медведев, оставките се со цел да го ослобода патот за спроведување на неопходните промени. Путин изрази задоволство со работата на владата , додавајќи дека сепак некои задачи не биле исполнети.