
Чешка се пласира во следната фаза на ЕП
Победата над Украина со четири гола разлика (23:19) им ги донесе неопходните бодови на репрезентативците на Чешка за пласман во следната фаза на Европското првенство. Од групата во која што учествуваше и Македонија тие се пласираат во следната фаза како втора репрезентација на табелата, зад Австрија.
Натпреварот беше неизвесен до самиот крај бидејќи репрезентативците на Украина го диктираа темпото на натпреварот во првото полувреме и одржуваа мала резултатска предност. Работите се сменија во второто полувреме кога Чесите создадоа предност од пет голови и мирно го довршија натпреварот во последните минути.
Стрелец на натпреварот е репрезентативецот на Чешка, Бабак, со шест погодоци во противничката мрежа.