
Брестовац: Серијата од 6:1 беше клучна за нашиот пораз од Чешка
Селекторот на Македонија, Данило Брестовац, ја издвои причината за поразот од Чешка во второто коло од групната фаза на Европското првенство во Чешка.
Слично мислење дека токму серијата од 6:1 беше клучна за нашиот пораз од Чешка има и нашиот репрезентативец, Марио Танковски кој го издвои и противничкиот голман како втора причина за првиот пораз на континенталниот собир.
Македонија следниот натпревар го игра во вторник против домаќинот Австрија. За пласман во следната фаза потребна ни е победа против Австријците кои денес играат против репрезентацијата на Украина.