Меркел и Путин се за политички, а не воени решенија на Блискиот Исток

Германската канцеларка Ангела Меркел,која дојде во првата посета на Кремљ од мај 2018 година се согласи со нејзиниот домаќи, рускиот претседател Владимир Путин дека секоја криза на Блискиот Исток мора да се решава политички, а не  воено.  Двајцата лидери се залагат и за да задржи нуклеарниот договор со Иран.

Кога станува збор за Иран, Меркел оцени дека прифаќањето на одговорноста за уривањето на авионот е првиот чекор во решавање на последниот конфликт на ова подрачје.

Иако САД ги повикаа европските земји да излезат од договорот, опишувајќи го како глупав, Берлин и Париз кажаа дека нема да го направат тоа, дури и откако Иран се закани дека по убиството на генералот Солејмани веќе ништо не го спречува да развива нуклеарно оружје.

„Овој договор е исклучително важен и ние денеска се согласивме дека сите страни треба цврсто да се придржуваат до него. Иако САД се повлекоа од договорот, Иран повторно изрази подготвност целосно да го почитува“, изјави Путин.

Тој го поздрави и предлогот на Германија да се одржи конференција во Берлин за репавање на кризата во Либија. Двајцата лидери разговарале и за перспективите на гасоводот Северн тек со кој Русија треба со гас да ја снабдува Германија.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ