
Лазаров, Брестовац, Манасков, Талески: Победата радува, но имаме и поуки
Во драматична завршница, капитенот на Кире Лазаров со гол во последната секунда од натпреварот и ja донесе првата победа во првиот натпревар на репрезентацијата на Македонија.
Македонија можеше да влезе во мирна завршница затоа што во неколку наврати водството достигнуваше и до пет голови, но репрезентацијата на Украина се враќаше во натпреварот и стигна на чекор до реми во последната минута.
“Важно е дека ги освоивме двата бода. Имавме шанса да го доведеме натпреварот до мирен крај но неколкуте технички грешки им дозволија да ни се приближат“- изјави по натпреварот Дејан Манасков.
“Малку закочивме во комбинаторика, мораше Кире на крај да решава, младите играчи треба да повлечат, во одбраната останавме малку кршливи но момците изгинаа на терен, постигнавме победа и тоа е“ – изјави селекторот Данило Брестовац.
„Па не може да биде поубаво од тоа да започнете големо натрпреварување со победа. Кире ја презеде одговорноста на крај да го постигне последниот гол. Мораме на следните наптревари да ја поправиме играта и да не дозволиме такви падови“ – изјави Талески.
Капитенот беше и најдобар стрелец на натпреварот со седум голови.
„Некако оваа година ми оди во последните секунди. Некако во последните напади играчите избегнуваа одговорност и тоа се виде. Мислеам дека треба да научиме од овој натрпевар дека неме што да изгубиме, ова е спорт и мораме да играме“ – оцени капитенот Кирил Лазаров по завршувањто на првиот дуел со Украина.
Следниот противник на Македонија е Чешка, во недела – натпреварот е во 16 часот.