Денеска официјално почнува претседавањето на Хрватска со ЕУ

Европската Комисија предводена од претседателката Урсула Фон Дер Лаен денеска и пристинува во Загреб. Со тоа и оифцијално започнува хрватското претседателство со Европската Унија. Официјалната средба со премиерот Андреј Пленковиќ е закажана за утре.

Поради доаѓањето на еврокомесарите, предводени од претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, мерките за безбедност во Загреб од утринава се подигнати на максимално високо ниво.

За своето претседателството со ЕУ, официјален Загреб веќе ангажираше специјално обучени и опремени полицајци кои во наредните шест месеци ќе се грижат за безбедноста, првенствено на објектот каде ќе биде сместено самото претседателството.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ