
(Видео) Иранска новинска агенција објави лажна видео снимка од непостоечки обид за атентат на Трамп
Иранската новинска агенција “Фарс” објави видео снимка на која се користи реален јавен настап на американскиот претседател Доналд Трамп во сојузната држава Невада, на 5-ти Ноември, измонтиран со наводен атентат од страна на ирански милитант.
Иранскиот актер во видео снимката ја гледа фотографијата од убиениот командант Касим Сулејмани пред да нанишани и отвори оган од автоматско оружје кон претседателот Трамп.
Видео снимката е објавена пред ракетниот напад на иранските сили на две воени бази во Ирак , во кои се сместени и американски војници.
Снимката од настапот на Трамп која е искористена е во ситуација кога реагирал тимот од неговото обезбедување, заради стравувањата дека некој од присутната публика носи огнено оружје.