(видео) Украински авион се урна по полетувањето од Техеран, загинаа 176 лица

Украински авион „Боинг 737“ со 176 лица се урна кратко време по полетувањето од аеродромот во Техеран, при што загинаа сите патници и членови на екипажот.

Авионот полетал од меѓународниот аеродром „Имам Хомеини“ во иранската престолнина  и се урнал откако еден од моторите се запалил, пренесе украинската амбасада во Техеран, отфрлајќи било каква поврзаност со тероризам.

Меѓу патниците има 82 Иранци, 63 Канаѓани, 11 Украинци вклучувајќи ја целокупната посада, 10 Швеѓани, 4 Афганистанци, 3 Британци и 3 Германци, објави украинскиот министер за надворешни работи Вадим Пристајко. Претседателот Зеленски изјави дека Украина ќе испрати специјални авиони за да ги пренесат телата на загинатите.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ