Една деценија новогодишно – божиќни концерти на струмичката гимназија

Оркеастар и стотина учесници во живо ќе свират, пеат и играат на сцената  на јубилејниот десетти концерт на струмичката гимназија.

Проектот насловен „Деценија“ ќе ги обедини поранешните и сегашни гимназијалци кои ќе ги изведуваат најуспешните точки од изминатите години. Организаторите велат дека интересот кај струмичани е голем, распродадени се повеќе од 1200 карти за два последователни концерта.Со децата работат професорите по музика, но и професори – ентузијасти кои помагаат при костимите, сценографијата или танцовите течки. Сепак, задачата за составувањето и вежбањето на оркестарот десет години е на професорот Денис Кирчанов. Концертите на гимназијалците се хуманитарни. Средствата секоја година се наменуваат за лекување на сограѓани.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ