Спектакуларни огномети во Оукленд и Сиднеј за новогодишните прослави

Часови не делат од одбројувањето во влезот во новата декада.

А во делови од светот Новата година веќе пристигна.  Први кои ја пречекаа Новата 2020 година се жителите на Самоа, откако пред осум години ја сменија временската зона.

Па, така,  американската Самоа, која се наоѓа на само 220 километри источно од Самоа на другата страна од датумската граница, последна ќе влезе во Новата година.

2020-тата ја дочекаа и во Нов Зеланд, и Австралија, како и жителите на Карабати и на Божиќните острови во Тихиот Океан.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ