
Милановиќ води на изборите во Хрватска, со Китаровиќ ќе се трка за претседател во вториот круг
Според последните резулати на претседателските избори во Хрватска води поранешниот премиер, кандидат на левиот центар со поддршка Социјалдемократска партија Зоран Милановиќ со 29,64 проценти освоени гласови, а актуелната претседателка од десниот центар Колинда Грабар Китаровиќ 26,92 проценти, веднаш зад неа е независниот кандидат пеачот Мирослав Шкоро со 24,29 одсто. Ова се првични резултати од обработени над 90 проценти од гласовите.
Во изборниот штаб на Шкоро владее нервоза, што ескалираше со напад врз новинарска екипа од страна еден неговиот подджувач Жељко Перван кој ја пцуеше новинарката од ТВ Нова.
Од штабот на Милановиќ велат дека резултатот над 30 проценти освоени гласови е очекуван и дека не им важно со кој кандидат ќе влезе нивниот претседателски кандидат во вториот круг. Социјалдемократите велат дека од нивните сценарија ова е второто, првото било да се победи во првиот круг, а второто во втор круг да се влезе од освоено прво место.
- Подобро се омаживме отколку што се надевавме. Единствено што се надевам дека тоа нема да не залаже во вториот круг и дека нема да му попушти фокусот ниту на нашиот кандидат, кој се покажа инзвонредно добро, државнички гард, знаење, памет, образование. Тоа бараше исто така многу самоконтрола. Се надевам дека и нашите гласачи ќе покажат исто такво ниво, вели Бранко Грчиќ, СДП.
Аналитичарите се на ставот дека сепак ова е голем успех за НДЗ бидејќи Грабар Китаровиќ била катастрофа за време на кампањата, а рејтингот на Милановиќ полека се зголемувал.
Според досега преброените резултати во втор круг претседателски избори влегуваат Милановиќ и Китарович, додека Шкоро се повеќе заостанува зад кандидатката на ХДЗ.
Одржувањето на претседателството е важно за владејачката конзервативна партија, Хрватската демократска унија, бидејќи нејзината влада се подготвува да го преземе ротирачкото претседателство на ЕУ, што вклучува претседателство со преговорите за Брегзит и пост-Брегзит.
Македонија, Србија и Албанија од Хрватска, исто така, очекуваат да помогне во заживување на изгледите за проширување на ЕУ. А самата Хрватска се надева дека ќе пристапи наскоро во безграничната Шенген зона на Европа и ќе ја воведе валутата евро.
Билјана Ставрова