Ветувања и за најгорливите проблеми од хрватските кандидати за претседател

Со традиционалниот звук на тамбарата хрватскиот поп фолк музичар, десничарот Мирослав Шкоро кој веќе десет години е на политичката сцена во Хрватска како пратеник, се бори за претседателскиот мандат. Нежен во песните жесток во дебатите и убеден во својата победа.

-Ние ќе ги запреме како што Вуковар ги запре срските тенкови, вели Мирослав Шкоро, претседателски кандидат.

Додека симпатизерите Шкоро го следеа во исполнувањето на севдалинките во штабовите на поранешниот премиер левичарот Зоран Милановиќ и актуелната претседателка Грабар Китаровиќ која се бори за нов мандат, аплаузи. Едниот го нуди големото искуство, втората се споредува во Туѓман.

-Своето искуство кое е големо, поголемо од на било кого друг које е во овој момент активен во хравската политика, своето знаење кое е доволно својата енергија, својот гард својот карактер, на крајот на криштата којшто толку пати се споменуваше во оваа кампања, ќе го ставан на располагање на хрватските граѓани на сите кои живеат во Хрватска, како и да се прекрстуваат и од која нација или вера да се. И не само тоа туку ќе направам да се чувствуваат пријатно во нашата земја, изјави Зоран Милановиќ, претседателски кандидат.

-Стојам пред вас, мирна и подготвена да ме споредите со секој кој после претседсателот Туѓман беше хрватски претседател. Нека се стават на една страна моите пет години и 15 години пред мене на секој ќе му стане јасно што е поголемо и подобро и зошто со мирна совест ја барам вашата доверба за мој втор мандат, истакна Колинда Грабар Китаровиќ, претседателски кандидат.

Во Хрватска денеска е молк граѓаните се одмараат од предизборната кампања и телевизиските дебати полни со ветувања за решение и на најгорливите проблеми.

-На трговците со омраза, нетрпелливост и предрасуди им порачувам дека во Хрватска во која јас ќе бидат претседател тоа нема да помине., вели Милановиќ.

-Да го решиме прашањето на исчезнатите, мораме да го решиме прашањето околу границите, мораме да го решиме прашањето на отштета луѓето кои што беа во српските концентрациони логори, истакна Мирослав Шкоро.

-Сите оние кои ги нарекуваат Хрватите во БИХ дека се гласачка машинерија која се купува и која доаѓа со автобуси длабоко ги навредува, истакна Колинда Грабар Китаровиќ, претседателски кандидат.

Изборите се случуваат во очи презамањето на претседателството со ЕУ од страна Хравтска. Аналитичарите веруваат дека победникот ќе се одлучи на вториот круг од изборите на 5 јануари.

-Значи, јас би рекол најлошо сценарио, најлош проблем со хрватското претседателство ќе има ако Колинда Грабар Китаровиќ загуби во првиот круг, оценува Марко Ракар, политички аналитичар.

Одржувањето на претседателството е важно за владејачката конзервативна партија, Хрватската демократска унија, бидејќи нејзината влада се подготвува да го преземе ротирачкото претседателство на ЕУ, што ќе вклучува претседателство со преговорите за Брегзит и пост-Брегзит.

Македонија, Србија и Албанија од Хрватска, исто така, очекуваат да помогне во заживување на изгледите за проширување на ЕУ. А самата Хрватска се надева дека ќе пристапи наскоро во безграничната Шенген зона на Европа и ќе ја воведе валутата на еврото.

Билјана Ставрова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ