Протести и судири за време на „Ел класико“

Каталонските сепаратисти организираа протести во околината на стадионот Камп Ноу во Барселона каде што се играше фудбалскиот натпревар помеѓу Барселона и Реал Мадрид.

Уапсени се девет лица, а полицијата ги растера демонстрантите со фрлање пена.

Протестантите, пак, фрлаа кон полицијата стаклени шишиња.

Организатор на прфотестот е групата „Цунами демократик“, на која се придружија илјадници лица кои носеа знамиња на Каталонија и транспаренти со порака „Шпанијо, седи и разговарај“.

Демонстрантите се собраа во близина на стадионот неколку часа пред почетокот на „Ел класико“, но до сериозни судири дојде за време на натпреварот.

Екипите на Барселона и Реал Мадрид одиграа 0:0 во одложениот дуел од десеттото коло на Ла Лига.

Ова е прво „Ел Класико“ без гол по 17 години.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ