
Обвинителството побара 30 години затвор за поранешна претседателка на Јужна Кореја
Обвинителството на Јужна Кореја денеска побара 30 години затвор за поранешната претседателка Парк Хеун-хје поради вмешаност во корупциски скандал.
По масовните протести Парк е сменета од функцијата, за потоа да биде уапсена во март минатата година под обвинение за примање мито, злоупотреба на службената положба и принуда. Таа ги негира сите обвиненија.
Поранешната претседателка на Јужна Кореја и денес не беше присутна на судското рочиште. Датумот за изрекувањето на пресудата дополнително ќе биде соопштен.
Ако судот потврди дека е виновна, Парк ќе биде трет осуден јужнокорејски претседател.
Другите двајца јужнокорејски претседатели се осудени за државен удар во 1979 година и за маскр над цивилите во 1980 година.