Претставничкиот дом ќе гласа за импичмент на Трамп

Претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси објави дека долниот дом на Конгресот денеска ќе гласа за импичмент на претседателот Доналд Трамп.

Пелоси ги повика сите конгресмени демократи да присуствуваат на таа седница.

За жал, фактите објаснуваат дека претседателот ја злоупотребил својата службена должност за своја лична и политичка корист и дека ја опструирал работата на Конгресот инсистирајќи на тоа дека тој нема да биде одговорен и дека е над Уставот и американскиот народ. Никој во САД не е над законот. Претставничкиот дом денеска ќе искористи едно од најсериозните овластувања дадени со Уставот на САД и ќе гласа за усвојување на две основи за импичмент на американскиот претседател,

додаде таа.

Ако Долниот дом гласа во прилог на отповикувањето, Трамп ќе биде третиот американски претседател против кого ќе биде покрената процедурата за отповикување. Трамп остро ја критикуваше Пелоси, во писмо објавено додека демократите и републиканците во Претставничкиот дом разговараа за насоките за дебата пред историското гласање за отповикувањето.

Тој ја осуди „жестоката крстоносна војна“ што се води против него и рече дека не верува оти неговото писмо ќе промени ништо, но ги даде своите забелешки „заради историјата“.

Кога луѓето ќе погледнат назад на овој случај, сакам тие да разберат и да научат од тоа, така што никогаш повеќе да не се случува на друг претседател,

напиша Трамп во писмото.

Тој ги обвини демократите за „извртување на правдата и злоупотреба на службената должност“ за обидот да го разрешат. Трамп повтори дека не направил ништо лошо кога ја замолил државата да ги испита политичките ривали и ги нападна демократите затоа што се фокусираа на повлекувањето отколку на некои други прашања.

Ова не е ништо друго освен нелегален, обид за пуч низ целата земја…што ќе пропадне во избиралиштата, напиша Трамп, алудирајќи на претседателските избори следната година. Тој ги обвини ги демократите дека со „невалидниот процес за отповикување “ го кршат Уставот и прогласуваат “отворена војна на американската демократија“.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ