Потврдено првото обвинение против Ивица Тодориќ, сопственикот на „Агрокор“

Обвинителскиот совет на  Жупанискиот суд во Загреб го потврди првото обвинение против некогашниот сопственик на „Агрокор“, Ивица Тодориќ, пренесоа хрватските медиуми. Покрај Тодориќ во првото обвинение се опфатени и поранешните менаџери на Агрокор. Четворицата обвинети се сомничат дека ја злоупотребиле службената положба овозможувајќи против законско плаќање на швајцарската компанија од 1,25 милиони евра. Тодориќ од ноември 2017 е под истрага и за незаконско стекнување со повеќе од милијарда куни, околу 133 милиони евра. Во таа истрага се опфатени и неговите двајца синови, како и 12 поранешни менаџери на Агрокор.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ