
Почина Мери Фредриксон, пејачката на групата „Roxette“
Во 61-година од живот почина Мари Фредриксон, пејачката на славна шведска група „Роксет“.
Фредриксон почина по долга и тешка борба со тумор во мозокот, болест која и беше дијагностицирана пред 17 години.
Во 1986-та година беше една од основачите на групата Роксет и заедно со нејзиниот придружник Пер Гесле, во 90-тите години достигнаа огромна слава и успех. Популарните хитови, „Мора да беше љубов“, (it must have been love) „Џојрајд“, „Слушни го своето срце“ (listen to your heart) живеат и денеска.

Фредриксон зад себе остави сопруг и две деца. Нејзиниот партнер од групата Пер на социјалните мрежи се збогува од неа со емотивна порака во која напиша „беше најдобар пријател повеќе од 40 години, нештата повеќе нема да бидат исти“.