Австралиските шумски пожари проголтаа милиони хектари

Вонредна состојба беше прогласена во австралиските држави Нов Јужен Велс и јужниот брег на Квинсленд поради повеќе шумски пожари. Властите ги предупредија граѓаните дека аерозагадувањето во Сиднеј достигна ниво опасно по живот поради чадот од пожарите кои горат во Сините планини и Хоксбури на север и запад од градот. До крајот на минатиот месец пожарите проголтаа речиси 2 милиони хектари од кои 800.000 хектари шума во национални паркови само во Нов Јужен Велс. Во Квинсленд пак од почетокот на септември до сега изгореа 38 домови и речиси 200.000 хектари шума. Речиси целата крајбрежна област на Нов Јужен Велс, како и североистокот се под високо ниво на опасност од нови пожари.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ