
Германските социјадемократи конечно подготвени да излезат од сенката на Меркел
Изборот на новите лидери на германските социјалдемократи го стави во сомнеж и самото опстојување на последната влада на канцеларката Меркел. 67 годишниот Норберт Валтер Борјанс и пратеничката Саскиа Ескен ја добија довербата од сопартијците наместо доскорешниот тандем сојузници на Меркел. Резултатот сигнализира дека партијата добива новопронајдена вољја да излезе од големата коалиција, по години плаќање на политичката цена за Меркел да остане на власт, оценуваат германските медиуми.
Во победничкиот говор Валтер Борјанс понуди маслиново гранче, инсистирајќи дека претпочита да работи на унапредување на коалицијата, но Меркел мора да покаже вољја дека е подготвена да ја напушти долгогодишната политика на балансиран буџет. Доколку сака да продолжи да ја ужива подршката на социјалдемократите ќе мора да се согласи на поголеми инвестиции за борба против климатските промени и поголема помош за сиромашните Германци.
Социјалдемократите идниот викенд ќе гласаат дали ќе ја напуштат коалицијата или не, за време на гоишниот конгрес.